Тина Тарнер, една од пионерките на рокенролот која подоцна стана поп ѕвезда, почина денеска на 83 години по долго боледување, во нејзиниот дом близу Цирих, Швајцарија.
Нејзиниот претставник изјави: „Тина Тарнер, „Кралицата на рокенролот“, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со нејзината смрт, светот изгуби музичка легенда и личност за пример. Погребот ќе биде приватен, со блиски пријатели и семејството. Бараме да ја почитувате приватноста на нејзиното семејство во овој тежок момент. “
Таа имаше здравствени проблеми изминативе неколку години, откако во 2016 година ѝ беше дијагностициран рак, а во 2017 година ѝ беше трансплантиран бубрег.
