World Music

Почина Џеф Ханеман коосновачот на хеви-метал бендот “Слејер”

Американскиот гитарист и коосновач на хеви метал грипата “Слејер”, Џеф Ханеман почина минатата ноќ во болница во Калифорнија на возраст од 49 години. Ханеман боледуваше од заболување на црниот дроб.

На почетокот на 80-те години на минатиот век Ханеман заедно со Кери Кинг ја формираа групата “Слејер”, која набрзо стана една од членките на “големата четворка” на треш метал бендовите заедно со “Антракс”, “Мегадет” и “Металика”. Ханеман е познат како автор на песните “Raining Blood” и “Angel of Death” од албумот на “Слејер” – “Reign of Blood” од 1986-та година.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: