World Music

Погледнете: Провокативното видео за “Yonce” на Бијонсе (Видео)

Бијонсе објави уште едно видео од својот визуелен албум кој се искачи на првата позиција на листата на Билборд. Станува збор за видеото за песната “Yonce” во кое покрај Бијонсе се појавуваат трите модели Шанел Иман, Џоан Смолс и Џордан Дан.

Видеото било снимено летово во Бруклин, а истото е инспирирано од видеото на Џорџ Мајкл за песната “Freedom!” во кое се појавуваат дел од најпопуларните модели од 90-те како Наоми Кембел и Линда Еванџелиста.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: