Верувале или не, мега светскиот и сега познат Џастин Бибер својата неприкосновена слава ја доби благодарение токму на музичкиот канал YouTube. Тој на својот официјален музички канал и фан страна вечерва ги изненади сите фанови, од цел свет, постирајќи видео каде што во анплаг верзија ја пее својата омилена песна, а истовремено им се заблагодарува на сите свои фанови, обожаватели и… сите оние што го подржуваат.
“Пред 6 години започнав на мојот YouTube канал и оттогаш ми се промени целиот живот. Благодарение на Вас. Тука е и ново видео кое што го направив позади сцената на една од моите омилени песни “Take you” од мојот анплаг албум “Believe”. Благодарам и се надевам дека ќе би се допадне”, напиша Џастин на својата фан страна.
Во продолжение уживајте во неговото ново видео и доколку сте негов гооолем фан пишете му на YouTube или на неговата официјална фан страна, можеби вака и на овој начин ќе се заинтересира и покрај се ќе ја посети и вклучи Македонија во неговата светска турнеја.
Подготви: Елена Крагуеска

