Јужнокорејскиот пејач Psy, кој на светската поп сцена се проби со планетарниот хит “Gangnam Style”, најави во петокот излегување на својот нов хит во април и голем концерт во Сеул со директен пренос на интернет. Дотогаш малку познатиот освен во локални рамки јужнокорејски пејач Psy на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube, објави промотивна снимка, со титлови на кинески, тајвански, шпански, француски и португалски јазик.
“Мојата нова песна ќе се појави на 13-ти април 2013 година. Ќе одржам концерт во Кореја, на стадионот Seoul World Cup, а ќе можете да го следите директно на YouTube”, изјави Psy. Влезниците на концертот под наслов “Happening” ќе почнат да се продаваат на 11-ти март. Спотот “Gangnam Style” на 35-годишниот јужнокорјески рапер чие вистинско име е Парк Јае-Санг, кој онлајн беше поставен на 15-ти јули 2012 година, во петокот претпладне на 8-ми март 2013 година беше погледан 1.394.742.055 пати, според статистиката на YouTube.
Подготви: Редакција Музика24
