Членовите на групата „QUEEN“ открија дека ќе објават песна која јавноста досега не можела да ја слушне, а вокалот е снимен од починатиот фронтмен Фреди Меркјури. Станува збор за композиција која датира од сесиите за снимање на албумот „The Miiricale“, при што снимија околу 30 песни (за албумот), од кои многу никогаш не беа објавени.
Најдовме мал скапоцен камен од Фреди на кој некако заборавивме. Тоа е прекрасно. Всушност, тоа беше вистинско откритие. Тоа е од сесијата на албумот „The Miracle“ и мислам дека (песната) ќе излезе во септември. се работи за „страсно парче“. многу пати мислевме дека не можеме да ја зачуваме песната, но овој пат влеговме во студио и со нашиот тим од аудио инженери ги составивме сите делови што недостасуваат. Една убава и трогателна песна. – изјави тапанарот Роџер Тејлор.
Фреди почина во 1991 година по компликации поврзани со СИДА.
