World Music

Раперот Kanye West со необични барања за гостување во емисија

Раперот Kanye West предизвикал мешаница кај организаторите на телевизиското шоу “Later with Jools Holland”, откако дал серија скандалозни барања пред да излезе на сцената. Меѓу учесниците во конкретната епизода со Kanye West беа Sting и Kings of Leon. Но тие не поднесоа никакви барања, ниту кон студиото, ниту за соблекувалните.

За разлика од нив, Kanye за малку не ги однел организаторите во болница откако побарал соблекувалната му да биде ребрендирана. Сето требало да биде во бела боја, вклучувајќи ги и мебелот и цвеќињата во просторијата. Чашата се прелеала кога музичарот посакал тепихот на кој стапнал да биде прилагоден, бидејќи бил “премногу стуткан за неговиот вкус”.

“Сите знаевме за угледот на West, но никој немаше слушнато ѕвезда да побара пеглање на тепих, по кој оди”, раскажа извор за “Сан”.

Подготви: Викторија Трајковска

Можеби ќе ве интересира: