World Music

Рики Мартин раскина со момчето

Рики Мартин ја прекина врската со својот вереник, економистот Карлос Гонзалес. Информацијата беше соопштена од агентката на пејачот Елга Гарсија пред порториканскиот весник “Ел Нуево Диа”. Таа рече дека Мартин нема да дава изјави за ова прашање. Мартин и Гонзалес се појавија јавно како двојка за првпат во 2010-та на гала церемонијата на која пејачот му се заблагодари на својот пријател за неговата поддршка.

“Денес можам да кажам дека сум слободен и поради тоа дефинитивно треба да им се заблагодарам на моите родители за нивната голема поддршка, на мајка ми и на татко ми за безусловната љубов, на моите пријатели, на моето семејство, на обожавателите и на мојот партнер и вереник Карлос”, рече тогаш Рики. Со исклучок на ова признание, двојката го задржи односот далеку од светлата на рефлекторите. Двајцата ги одгледуваа заедно и двете деца на пејачот.

“За сега нема да има друга порака за прашањето”, изјави Елга Гарсија на личниот профил на Твитер. “Промени, о промени”, изјави мистериозно Мартин за своите обожаватели на сајтот за микроблогирање.

Пејачот ја прекинал врската со Карлос малку пред патувањето до Мадрид во пресрет на божиќните празници. До пред извесно време двојката кроеше планови за свадба и имаше можност тоа да се случи во Шпанија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: