World Music

Ријана на сред турнеја се разболе

Ријана во петокот ја започна светската турнеја “Дајмондс”, а по се изгледа дека уште на првиот настап се префорсирала, затоа што соопшти дека го откажува наредниот концерт.

“Многу ми е жал што морам да ве разочарам, особено затоа што вие никогаш не сте ме разочарале мене”, напиша таа на својот Твитер профил. Промоторот “Лајв нејшн” објави дека Ријана се префорсирала со грлото на настапот во Бафало во петокот и дека поради јакиот ларингитис го откажа синоќешниот концерт во Бостон, како и оној во Балтимор, планиран за утре.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: