World Music

Ријана се откажува од музиката – на 1 година

Пејачката Ријана била принудена да го откаже концертот во Балтимор во неделата вечерта откако го изгубила гласот поради ларингитис. Нејзиниот следен настап е закажан за 12-ти март во Балтимор, меѓутоа американските медиуми пренесуваат дека пејачката може да замине на годишен одмор што ќе трае една година. Веста прв ја објави американскиот радио водител Рајан Сикрест, а како што заклучи во шоуто, пејачката ќе паузира по светската турнеја “Diamonds”. Се очекува нејзиниот менаџмент да ја потврди оваа информација во следните денови.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: