World Music

Русија ги исфрли Bloodhound Gang – басистот го избриша задникот со руското знаме (Видео)

Американската рок група Bloodhound Gang е исфрлена од програмата на рускиот музички фестивал во Кубано, бидејќи басистот на оваа група на концертот во Украина го бришел задникот со руско знаме. Басистот Џеред Хасехоф при настапот на бендот во Одеса во еден момент зел руско знаме, ги откопчал панталоните и го пикнал во долната облека и го извекол од задникот, на воодушевување на публиката.

“Немојте да му кажете на Путин”, и се обрати потоа Хаселхоф на публиката. Овој гест ја разгневи руската власт. Марија Минина, портпаролка на фестивалот на кој како ѕвезда на вечерта требаше да настапи овој бенд, изјави дека поради инцидентот во Украина, нивниот настап во Русија се одложува. Рускиот министер за култура Владимир Медински на својот Твитер синоќа напиша:

“Bloodhound Gang ги пакува торбите. Овие идиоти нема да свират во Кубано”, револтирано одговори на инцидентот.

https://www.youtube.com/watch?v=ylPZKU-sny8

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: