World Music

„Scorpions“ во реге стил: Култниот рок бенд најавува нов албум

„Scorpions“ објавија нова реге песна наречена „Shining of Your Soul“, која доаѓа во пресрет на нивниот нов албум „Rock Believer“, кој во LP издание ќе биде достапен од 25-ти февруари.

Кога донесовме одлука да направиме нов албум, почнав со текст без музика. Идејата беше „Ајде, дај ми кул риф“, знаеш? Имаш песни, имаш текст и се надевам дека ќе се вратиш и ќе ми дадеш одлична музика. Истото беше и со „Shining of Your Soul“. Прво стиховите, а мислам дека Рудолф (Шенкер) го смисли овој прекрасен риф и овој прекрасен грув, кој е како „рок реге Скорпионс“. Тоа е многу типична песна на „Scorpions“. Има поинаква атмосфера и поинакво чувство, но е една од кул песните на плочата. – вели фронтемнот клаус мајне.

Бендот ја објави насловната песна минатиот месец. „Rock Believer“ ќе биде речиси двоен албум а е прво издание на бендот од „Return to Forever“ од 2015 година, како и првото во кое е вклучен поранешниот тапанар на „Моторхед“, Мики Ди. И покрај тој јаз, продуцентот Ханс-Мартин Баф рече дека природното пријателство на групата одиграло голема улога во подготовката на албумот.

Од самиот почеток, дури и кога не снимаа заедно, но секогаш кога беа заедно во собата, уживаа. Зборуваа за се што правеа дома. Тие не живеат далеку еден од друг, но речиси една година се заедно секој ден и тоа навистина им се допадна. Така беше во студиото. Кога снимаа заедно, имаше чувство на блискост. – објаснува продуцентот.

„Rock Believer“ моментално е достапен за претпродажба на веб-страницата на бендот.

Можеби ќе ве интересира: