Покрај хит синглот кој е во дует со Ријана “Can’t remember to forget you” од неодамна како продолжение на она што следува го промовираше и својот втор по ред сингл “Empire”. Моќно и светски како што доликува на една поп пејачка, ја отпеа баладата со многу емоции, а и воедно самиот наслов кажува дека темата е поразлична и сама за себе е приказна.
Најновиот албум кој се очекува да излезе, а е десетти по ред одлучено е да се појави на 25-ти март. А до тогаш уживајте во прекрасниот вокал на заводливата Шакира.
Подготви: Редакција Музика24
