Популарната колумбиска пејачка Шакира сокрила данок во износ од 14,5 милиони евра во Шпанија за периодот 2012-2014-та, пренесоа светските агенции. Обвинителството ќе поднесе тужба против пејачката во најскоро време, бидејќи таа не платила данок на доход и данок на имот, пишува весникот “Паис”.
Од 2011 година, Шакира живее во Барселона со Жерар Пике, фудбалер во шпанскиот фудбалски тим Барселона. Според шпанските закони државјанин кој престојува на територијата на земјата над половина година, станува даночен обрзник. Ова значи дека мора да плати два данока од сите приходи, вклучувајќи ги и оние заработени во странство.
Истрагата потврдува дека Шакира давала информации дека живее на Бахамите за да избегне данок во Шпанија.
