Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор донесе одлука да се повлече од музичката индустрија и да престане со турнеите. Таа веста ја сподели на социјалните мрежи.
„Ова е да го најавам моето пензионирање од турнеи и од работа во дискографска дејност. Остарев и уморна сум. Значи, време е да ги закачам ресите на брадавиците, откако навистина дадов сè од себе. NVDA во 2022 година ќе биде моето последно издание. И веќе нема да има турнеи или промо. Не е тажна вест. Туку зачудувачки убава вест. Мудриот воин знае кога треба да се повлече.“ – О’Конор
Неколку дена пред да го најави пензионирањето, О`Конор интензивно го најавуваше својот 11-ти албум „No veteran dies alone“. Како што вели пејачката, сега е време да се одмори и да си ги оствари другите соништа. Имено таа отсекогаш сакала да работи со млади таленти во „The Voice of Ireland“ но никогаш немала време за тоа.
