World Music

Со секси изглед до врвот на светските топ листи

Голем дел од светските пејачки својата популарност ја должат на квалитетните песни, добриот вокал и извонредните сценски настапи. Сепак, постојат ѕвезди кои се дополнително славни и поради својот секси и провокативен имиџ. Една од нив е и младата Мајли Сајрус, тинејџерската ѕвезда од серијата “Хана Монтана”, која минатата година реши да сврти нов лист и да го шокира светот. Со албумот Bangerz, пејачката го најави и својот нов изглед, кој вклучува многу малку облека и контроверзно однесување.

Во текот на актуелната турнеја, Сајрус настапува во трикоа кои целосно и го откриваат задникот, а кореографијата понекогаш е толку провокативна и смела, како на пример на концертот во Хелсинки, што дел од медиумите, како што е “Дејли њуз”, решија воопшто да не ги објават фотографиите од настанот. Своите облини ужива да ги истакнува и раперката Ники Минаж, која редовно го привлекува вниманието со смелите модни комбинации во флуоресцентни бои, но и со по некоја фотографија на која е “како од мајка родена”. Сепак, музичарката која обожава да се потпишува на градите од нејзините верни женски фанови, не се грижи премногу за мислењето на јавноста.

“Не ми пречи што ме нарекуваат “чудак”. Постојат многу луѓе во хип-хоп музиката кои никогаш нема да ја разберат мојата работа. Но, со тоа што сум своја, успеав да допрам до слушатели што инаку никогаш не обрнале внимание на женски рап-изведувач”, вели таа.

Kонтроверзноста речиси се подразбира кога е во прашање американската пејачка Лејди Гага, чии јавни настапи редовно се зачинети со голотија или со чудна и провокативна облека. Сите добро го паметат доделувањето на видеонаградите на “Ем-ти-ви” во 2010 година, кога пејачката се појави во фустан од живо месо. Ваквиот потег предизвика гнев во организацијата за заштита на животните ПЕТА, додека магазинот “Вог” ја вброи Гага меѓу најдобро облечените ѕвезди за таа година.

Сексапилот е заштитен знак и на убавицата од Барбадос, Ријана, која обожава да го покажува своето тело, за што неодамна дојде во судир со челниците на социјалната мрежа Инстаграм, кога мораше да ги избрише експлицитните фотографии од својот профил. Пејачката ги привлече сите погледи и на годишниот собир на американските модни дизајнери во Њујорк, на кој Ријана беше прогласена за модна икона. Ѕвездата се појави на забавата во центарот “Линколн” облечена во провокативен фустан од дизајнерот Адам Селман. Фустанот беше изработен од 216.000 кристали Сваровски, а низ него се гледаше речиси секое делче од телото на 26-годишната ѕвезда, бидејќи Ријана не носеше градник.

Мадона веќе неколку децении важи за кралица на поп-музиката, но и на скандалите и трансформациите. Пејачката првпат ја вчудовиди јавноста во 1992 година, кога со албумот “Еротика” и книгата “Секс” реши да ја тестира толеранцијата на гледачите за сексуалноста и нејзиното прикажување во медиумите. Kнигата содржеше околу 80.000 фотографии од Мадона и други модели во разни еротски пози и симулации на садомазохистички секс, а спотот за насловната песна од албумот беше забранет за емитување на “Ем-ти-ви” поради експлицитните сцени.

Текстот е превземан од: Дневник

Можеби ќе ве интересира: