Кралицата на поп музиката денес ќе изгаси педесет и пет свеќички. Со 19 години Беј Сити се сели во Њујорк каде сакала да започне кариера како изграч на современи танци.Во 1993 година го издава својот прв албум Madonna, а денес има 12 албуми. Некои од нив се наградувани со Grammy. За главната улога во филмот Евита добива златен глобус. Позната е по иновативноста, креативноста, поместувајќи ги границите на дотогаш виденото. Во текстовите пеела за други теми, кои не се пееле во поп песни, снимала провокативни видео записи, се менувала визуелно.
Сето тоа го прави и ден денес, за што сведочи најновиот моден тренд дијамантски заби. Има продадено повеќе од 300 милиони примероци од нејзините албуми, ја има титулата на најпродаван женски вокал по Гинисовата книга на рекорди. Магазинот People ја прогласи за 25-та најмоќна жена во светот на 20 век. Мајка е на четири деца. Во моментов е заљубена и во врска со француски играч со арапско потекло Брахим Зибатом.
Среќен роденден кралице!
Подготви: Редакција Музика24
