Музичката легенда и поранешен фронтмен на „The Police“, Стинг, беше принуден да одложи два свои концерти во САД и да го откаже претстојното појавување на наградите на списанието Bass, каде што требаше да прими награда за животно дело.
Според објавата на Дејли Мејл, 73-годишниот пејач ги одложил своите настапи во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои се поместени за подоцнежни датуми, додека тој закрепнува. Детали за природата на здравствениот проблем не се откриени.
Во изјава на социјалните мрежи, портпаролот на Стинг ги увери фановите дека нивните оригинални билети ќе важат за новите датуми на концертите.
„По препорака на неговиот лекар, поради болест, со длабоко жалење Стинг мора да го откаже своето учество на наградите на магазинот Bass овој четврток и да ги одложи претстојните концерти. Старите билети ќе бидат валидни за новите датуми. Стинг искрено се извинува за секоја непријатност и им благодари на неговите фанови за разбирањето“, се вели во објавата.
Фановите ширум светот му посакуваат брзо закрепнување и го очекуваат со нетрпение неговото враќање на сцената.
