World Music

Светски познатата пејачка Адел ги предаде документите за развод

Британската пејачка Адел ги предаде документите за развод со сопругот Симон Конецки, пренесува “Пипл”. На овој потег музичарката се одлучи пред пет месеци откако објавија дека се разведуваат по седум години поминати заедно.

Двојката ќе остане во добри односи поради нивниот син Анџело кој што има 6 години, а по нејзиното барање за развод доаѓа на ред одредувањето на старателство и поделба на имотот во што Адел може да биде оштетена. Конецки не потпиша договор кога се венчаа, а барањето е предадено во Калифорнија и тој може да добие половина од нејзиното богатство кое се проценува на 150 милиони фунти.

Можеби ќе ве интересира: