World Music

U2 со нова песна во филмот за Нелсон Мандела

На интернет се појавија снимки од филмот: “Мандела: Долг пат до слободата”, во кои се слушаат фрагменти од новата песна на ирската група U2 – “Ordinary love”. На сајтот на групата се наведува дека композицијата е напишана специјално за филмот.

U2 го сметаат Нелсон Мандела за свој голем пријател. Ова лето филмот им беше прикажан на музичарите и тој ги инспирира да напишат песна посебно за него. Филмот е екранизација на истоимената биографски книга на Нелсон Мандела, издадена во 1994 година. Во книгата и во филмот се раскажува за младоста на политичарот и за 27-те години поминати во затвор. Во 1994 година Мандела стана првиот црн претседател во ЈАР. Тој ја вршеше оваа функција до 1999 година. Неговата улога во филмот ја игра Идрис Елба.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: