Многумина Џорџ Мајкл го помнат по големите хитови, завидната кариера и неодоливиот шарм, но сепак малкумина знаат дека зад неговата силна и незауздана енергија стоел грижлив човек и филантроп кој зад себе оставил големи хумани дела.
По неговата смрт се дозна дека тој потрошил милиони за да им помогне на болните, бездомниците, сиромашните семејства и сираците. Стотици илјади деца се живи благодарение на него. Многумина сведоци го потврдија неговата добродетелство и тоа дека им помогнал во најтешките моменти. Во една емисија „Договор“, една учесничка се пожалила и во етер изјавила дека и требаат 15.000 фунти за инвитро процедура. Утредента ѝ се јавил Џорџ Мајкл и ја префрлил потребната сума на нејзина сметка.
За неговото добродетелство зборуваше и водителот Ричард Осман, кој откри дека големата ѕвезда работела во прифатилиште за бездомници во времето кога и тој волонтирал, и му било кажано да не открива, бидејќи пејачот сакал тоа да остане анонимно.
Тој учествувал во разни добротворни акции, па за Велигден знаел да донира и 100.000 фунти за помош на децата. Џорџ им помагал и на непознати, па постои сведоштво дека во кафуле на една странкиња ѝ напишал чек од 25.000 фунти зашто имала долгови поради кои плачела, а Џорџ случајно се нашол таму.
Пејачот организирал и бесплатен концерт за медицинските сестри кои се грижеле за неговата покојна мајка за да им се заблагодари на вистински начин.
Тој донирал пари уште од 1996 година, кога ја издаде песната „Исус за детето“. Многу детски животи се спасени благодарение на неговата дарежливост и несебичност, а долги години бил и најдарежлив филантроп кој донирал пари за „Чајлдлајн“. Меѓутоа, како што истакнува основачката на таа организација, Ештер Ранцен, тој не сакал да се пишува за неговата великодушност. А, покрај овие добротворни организации никој не знае уште на колку загрозени деца им помогнал.
