World Music

За Шакира губењето на килограми било стресно

Позната пејачка Шакира по бременоста ја намали својата тежина, но иако тоа на прв поглед можеби изгледало сосема лесно и едноставно, сепак таа тврди дека тоа и не било така. Таа три месеци по породувањето изгледала речиси совршено, но за тој изглед добро се изнамачила.

“Губењето килограми беше стресно. Знаев дека морам да се вратам да го претставувам албумот “The Voice” два месеци по породувањето. Ги немав четирите месеци мајчинство како секоја жена во светот. Не се жалам, но мајчинството е полно со предизвици”, изјави задоволно убавата пејачка, пишува Yahoo news. Таа додава и дека жените денес се под голем притисок што побрзо да се вратат на килажата пред бременоста. Дека мајчинството и не е така лесно, таа тоа го изјави и за весникот US Weekly.

“Не очекував дека на децата им требаат толку пелени. Никој не ми рече дека мораат да се менуваат толку често. Милан е супер дете, но никој не ми кажа дека ќе биде толку тешко. Ми ја зема целата енергија, но го обожувам тоа и уживам во секој момент”, изјавува таа.

Подготви: Елена Крагуевска

Можеби ќе ве интересира: