Како што пренесуваат медиумите, на суд е проценето дека имотот на покојната дизајнерка вреди 9 милиони долари, а нејзин навреден имот е апартманот на Менхетн кој вредел околу 8 милиони долари. Останатиот имот како накитот, гардеробата, мебелот се околу милиони долари.
“Целиот свој накит, облека, мебел, автомобили и останати приватни работи што се во моја сопственост му ги оставам на Мајкл Филип Џегер”, се наведува во тестаментот. Исто така таму стои дека на Мик Џегер му го остава и сиот недвижен имот. Тестаментот на дизајнерка посебно ја изнервирал нејзината сестра Џен Шејн која тврди дека Џегер направил циркус од погребот и дека судски ќе се бори да го оспрои тестаментот и да и го земе целиот имот.
“Таа сакаше да биде погребана во Јута, а не во непознатиот Лос Анџелес. Овде е нејзиниот дом, тука. Во Лос Анџелес ќе биде многу осамена”, вели нејзината сестра Џен Шејн. Малиот и приватен погреб беше одржан во вторникот во Лос Анџелес, а Лорен Скот изврши самоубиство на 17 март во Њујорк.
Подготви: Елена Ивановска
