“Нејзиниот глас е многу убав, нејзините настапи се многу енергични и од светските ѕвезди неа многу обожавам да ја слушам”, изјави Светлана Цеца Ражњатовиќ. Иако многу голем број на светски ѕвезди сеуште се инспирација за нашиот Балкан, сепак и балканската фолк ѕвезда Цеца изрази желба да сними дует со нејзина омилена колешка од светски рамки, а станува збор за девојката од Барбадос – Ријана.
“Иако бев на концертите во Комбанк Арената на Џенифер Лопез и Бијонсе, сепак чекор понапред во се е Ријана и би сакала во иднина да снимам дует што би претставувало чест како за мене така и за неа”, изјави Цеца.
Но, сепак едно е сигурно, оваа желба е само далеку од тоа што ние можеме да го замислиме, бидејќи како што посочува и Цеца тоа е само нејзина одлука ако би се одлучила да гради кариера на светско ниво.
Подготви: Редакција Музика24
