Во прв ред

Уште неколку дена до првиот солистички концерт на Марјан Коцев

Кон почетокот на месецот март, музичкиот портал Музика24 беше еден од првите, ако не и единствениот кој во тоа време Ви го најави солистичкиот концерт на Марјан Коцев. Денес, на само неколку дена од одржувањето на концертот, повторно Ве потсетуваме.

20 годишната јубилејна работа на македонската музичка фолк естрада познатиот фолк пејач, Марјан Коцев заедно со Вас – неговата верна публика, обожаватели и фанови, во петок 11-ти април ќе ја прослави во Универзалната сала во Скопје. “Ти, само ти”, “Голем бекрија”, “Најзгодна”, “Печалбарска”, “Земја ветена”… ќе бидат само дел од песните кои ќе имате можност и привилегија да ги слушнете доколку бидете дел од првиот голем солистички концерт на познатиот фолкер. Како специјален гостин на концертот се појавува исто така уште едно познато музичко име од фолк естрадата, познатиот Ефто Пупиновски кој ќе испее неколку негови познати хитови.

Концертот започнува во 20.30 и не заборавајте, имате уште само неколку дена да ги набите своите билети кои чинат само 250 денари. Специјализираниот македонски музички портал Музика24 како музички медиум кој го подржува овој настан ќе биде дел од истиот и веќе следните денови ќе Ви презентира за се она што се случувало, а и однапред Ви најавуваме ексклузивно интервју со Марјан Коцев пред самиот концерт.

Во продолжение, потсетете се на еден од големите хитови на овој голем фолк пејач…

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: