Covers

Мартинијан Кириловски ни подари велигденски ковер (Аудио)

Познатиот поп изведувач Мартинијан Кириловски пред два дена за неговите верни фанови заедно со неговиот матичен бенд “HQ Band” направи своја преработка на веќе добро познатиот хит “На велигден” во придружба со гитара. Многумина беа изненадени од подвигот кој го стори, но сепак е со наговестување на велигденскиот празник кој се приближува.

Она што е интересно што Мартинијан го откри за нашиот портал е сепак тоа дека не се подготвувал многу туку од прва без ниту една трема, знаејќи дека се работи за евергрин кој е тежок да се препее, ја изведе на свој перфектен начин каде и самата композиција кажува се.

“Ова е мал подарок од мене и мојот бенд сакав да сторам нешто во пресрет на големиот празник кој се приближува, а тоа е Велигден може некој си помислија дека ќе снимам некоја народна песна или странска, но за мене сепак е чест да се изведе таква композиција која е веќе препеана од многу наши македонски изведувачи”, изјави Мартинијан Кириловски.

Ова е доказ дека Мартинијан знае да ги цени вистинските македонски вредности, па затоа не е ни чудо што се одлучил за оваа песна која е голем хит и евергрин кај помладата публика.

Во продолжение, уживајте во изведбата на Мартинијан Кириловски заедно со неговиот бенд “HQ Band”, каде како ексклузива ни откри дека во подготовка е и неговата најнова песна која ќе излезе во јуни и учеството на Фестивалот за забавни мелодии “Макфест”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: