World Music

Фановите среќни – AC/DC остануваат заедно

AC/DC официјално потврдија дека остануваат заедно, но еден од членовите на групата Малколм Јанг ќе земе одмор, поради здравствени проблеми. Групата објави официјално соопштение како одговор на сите “лажни” информации во медиумите.

“По 40 години живот, посветен на AC/DC, гитаристот и основач на групата Малколм Јанг ќе земе одмор поради лошата здравствена состојба”, се вели во соопштението од групата. Од групата им се заблагодаруваат на обожавателите од целиот свет за бескрајната љубов и поддршка која им ја даваат.

Музичарите замолија да се почитува приватноста на Малком и неговото семејство, но ветија дека “групата ќе продолжи да прави музика”.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: