Веројатно се сеќавате на убавата девојка од Подгорица која на минатогодишниот “Макфест” настапи во дует со нашата Елена Петреска, со темата насловена како “Не оставам траг”. Поради непочитување на договорот, за оваа песна Македонија не доби видео запис.
Стапивме во контакт и поразговаравме со преубавата Александра Бучевац и ја запрашавме како и каде ќе ја дочека Новата 2013-та година. На тоа ни одговори дека неостварена желба и било да ја дочека на плажа, во костим за капење и дека работи на тоа да си ја оствари оваа новогодишна желба, само што се двоуми во изборот за дестинација. Тоа ќе и биде еден вид одмор кој таа го заслужила одамна.
Тоа не е се. Ни ги откри и нејзините музички планови. Кога ќе се врати од тоа патување или одморот како што таа милува да го нарече, планира да издаде уште еден сингл кој ќе биде пропратен со видео запис. Како и за нејзината претходна песна, музиката и аранжманот ќе се на Иса Меликов од Азербејџан, а текстот на Даниел Стојадиновиќ. Откри дека станува збор за брза песна со балкански мотиви, за да може да не стопли во овие ладни денови.
Подготви: Сања Неткова
