Имам нешто да те прашам

Интервју на Музика24: Зои Блаж – Среќна сум кога се е позитивно

Младата и талентирана поп пејачка Зои Блаж е дефинитивно најдобра од артистите која знае да ги препознае правите квалитети во музиката, а според тоа и нашиот разговор кој го водевме со неа, кој беше спонтан ни откри неколку нешта кој и се важни во нејзиниот живот.

Музика24: Многумина те познаваат по неколкуте хит синглови кој ги имаше пуштено во етер како “Сама”, “Живеј со времето”… итн, дали сметаш дека се доволни тие песни за да публиката те дознае како артист?

Зои Блаж: Секако доволни се за публиката да може да ме препознае, но, сепак се вложува труд и за поголем успех…

Музика24: Дали македонската публика знае да ги цени младите артисти кој знаат да направат квалитет?

Зои Блаж: Мислам дека знаат да ги препознаат вистинските нови артисти.

Zoi Blaz_1Музика24: Реално македонските изведувачи пеат и на партиски избори за неколку илјади евра дали ти ако би имала понуда од некоја партија би прифатила да бидеш дел од некоја кампања?

Зои Блаж: Секако тоа е само работа, немора да значи дека и партиски си определен за некој.

Музика24: Кој жанр на музика преферираш да го изведуваш на твоите настапи?

Зои Блаж: Забавна музика највеќе поп.

Zoi Blaz_2Музика24: Велат “Кој високо лета ниско паѓа”, што според тебе значи таа мисла, бидејќи за жал се почесто народотот тоа го поврзува со јавните личности?

Зои Блаж: Мислам дека треба да сме сите доле, бидејќи сите сме обични луѓе и нема потреба од дигање на нос.

Музика24: Имаш ли план да снимиш дует со некој македонски изведувач?

Зои Блаж: Не сум размислувала сеуште, но зошто да не… во иднина.

Zoi Blaz_3Музика24: Колку вложуваш како артист во својата кариера, дали правиш баланс кога е во прашање сталјингот на сцена?

Зои Блаж: Вложувам премногу во својот изглед и во својата кариера… Имам луѓе кој се грижат и ми помагаат како да изгледам Бадев, Делов-Биондина и Atelier by Iva.

Музика24: Дали имаш свој идол кој ти е патоказ за успехот на музички план или се сама тоа го правиш?

Зои Блаж: Секако дека имам многу ги слушам Beyonce, Jessie J, Adel итн.

Zoi Blaz_4Музика24: .Дали имаш предрасуди кон луѓето кој се злобни за слава и пари?

Зои Блаж: Лично за мене не сум таква, што е мое ќе си дојде чекор по чекор и сметам дека и другите треба да се такви, бидејќи и славата и парите како дошле може да ги снема.

Музика24: Што те прави среќна?

Зои Блаж: Среќна ме прави тоа кога ќе видам дека луѓето околу мене се позитивни, насмеани, се сакаат…

Zoi Blaz_5Музика24: Дали парите ги ставаш во прв план или кариерата?

Зои Блаж: Дефинитивно кариерата.

Музика24: И за крај што може да очекуваме од тебе во иднина.

Зои Блаж: Наскоро ќе излезе нова песна, повторно во соработка со Александар Масевски, балада е се надевам дека ќе им се допадне на публиката. Со љубов, Зои Блаж.

Интервјуто го подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: