Во прв ред

Здравко Чолиќ со концерт во Скопје на 31-ви мај

Мај е месец предвесник на летото и сите интересни и убави нешта што тоа го носи, но мај е и месец кога во Скопје ќе гостува и свој концерт ќе одржи познатата екс ЈУ ѕвезда на сите времиња – легендарниот и шармантен Здравко Чолиќ. На 30-ти мај тој во спортската арена “Борис Трајковски”, ќе одржи голем незаборавен неколку часовен концерт каде воедно пред македонската публика ќе го промовира новиот и актуелен албум “Ватра и барут”. Тој за неговото гостување во Скопје и концертот што следи вели:

“Се радувам пред гостувањето во Скопје, моја омилена концертна дестинација. Во Македонија секогаш доаѓам со задоволство од едноставна причина, што за неа ме врзуваат прекрасни спомени и многу драги пријатели. Кај вас секогаш се чувствувам како дома и сум имал неверојатни концерти, па затоа и овој пат не очекувајте ништо помалку. Подгответе се, доаѓам на добра журка на која освен што ќе ги преслушаме моите нови теми од “Ватра и барут”, ќе се потсетиме и на старите добро познати хитови. Се гледаме на 31-ви мај”, порача Чолиќ на своите фанови, обожаватели и верна публика. Организаторот туристичката агенција “Гуливер Милс” најавува неколку интересни изненадувања за сите оние што ќе присустуваат на концертот, а истите ќе се откријата токму таму, спортска арена “Борис Трајковски”, 31-ви мај.

Влезниците за најавениот спектакуларен концерт на легендарниот Здравко Чолиќ се продаваат по цена од 800 денари за стоење и 1000 денари за седење, а истите освен во туристичката агенција “Гуливер Милс”, можат да се набават и во: Розе – Веро 2, Камарад – Рамстор, Тобако – Сити Мол и преку продажбата на МК Тикетс. Со секоја купена влезница организаторите го подаруваат новиот албум “Ватра и барут”.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: