Магазин

Каде е Алекса Перовиќ?! (Фото)

На вчерашната прес-конференција во Капитол Мол беа присутни речиси сите финалисти кои учествуваа во “X Factor Adria”, а многумина и од новинарите и од присутните се прашуваа каде е момчето со најубава насмевка, младиот и секогаш насмеан Алекса Перовиќ. А тој пак, остана во својот роден крај каде што вчера вечер со своите соученици ја прославуваше матурата. Во текот на вчерашниот ден, на својот facebook профил напиша:

“Моите драги пријатели пристигнаа во Скопје, а јас пристигнувам веќе утре пред концертот, бидејќи вечерва славиме матура. Се надевам се гледаме таму?”, напиша Перовиќ и со тоа им одговори на сите оние што се прашуваа за цело време каде е тој и дали воопшто ќе настапи на вечерашниот концерт.

Aleksa Perovic_statusПодготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: