Познатата балканска фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ, заедно со својата сестра и нивните ќерки заминаа на шопинг во француската метропола, градот Париз. Како што пишуваа српските медиуми, тие ова време ќе го искористат и за прошетка и секако за малку одмор и релаксација.
“Прекрасно си поминуваме кога ќе ги оставиме мажите дома. Тогаш го правиме сето она што во Белград не можеме да го правиме сами – се шетаме низ град, одиме по шопинг центрите и пиеме кафе по кафулињата. Дома се враќаме со поклони за да го израдуваме посилниот пол и да ги увериме дека мислевме на нив додека се одмаравме од нив”, изјавила Цеца.
Подготви: Анета Трајковска
