Деновиве имавме гласини околу понатамошното постоење на битолската позната панк група “Паркети”. И бидејќи секогаш сме на страна на нашите интернет читатели за што побрзо и пореално да бидат информирани, редакцијата на музичкиот портал Музика24 односно нашата дописничка од градот на конзулите – Битола, Весна Трифуновска, направи ексклузивно интервју со фронтменот на групата “Паркети” Сашо Паркет каде тој ја открива вистината.
Музика24: Сашо, бидејќи сме на неколку дена по “крајот на светот”, морам да те прашам, како го преживеа овој пат фамозното најавување за “крајот на светот”?
Сашо Паркет: Крајот на светот го преживеавме држејќи се за раце и гушкајќи се со жена ми и ќерка ми, али се испадна во ред… Исто така за данлоуд точно на “крајот на светот” на нашата фејсбук страна го ставивме нашиот албум.
Музика24: Каде за Нова година?
Сашо Паркет: За Нова година ќе имаме краток настап, али меѓу првите на плоштадот во Битола, па после секој на забава.
Музика24: Сашо, што очекуваш од Новата 2013-та?
Сашо Паркет: Во 2013-та очекувам да одам на лето да одам на одмор, некаде на море…
Музика24: Како групата “Паркети” ја помина 2012-та, која е веќе на крајот?
Сашо Паркет: 2012-та година беше во глобала убава година, извадивме неколку андерграунд спотови, имавме просечно концерти низ Македонија…
Музика24: Што може да очекуваме наското од “Паркети”?
Сашо Паркет: Веќе е во тек издавањето на новиот албум, ќе направиме неколку промоции низ Македонија и тоа е се.
Музика24: Музика24 дозна дека “Паркети” ќе одат во приказните… како тоа?
Сашо Паркет: За жал, сфативме дека несакаме да свириме тезги повеќе, а тоа е единствен начин за низ Македонија, да работиш со музика… но пошто “Паркети” се уметност во рокенролот, грев би било да продолжиме и да уништиме тоа што сме го стекнале… Па решивме дека со овој албум што го издаваме да го заокружиме нашето постоење.
Музика24: А што потоа…?
Сашо Паркет: Секој од нас веќе има план за своите проекти, па ќе продолжиме со музика, али не под името “Паркети”.
Музика24: Што би им посакале на вашите фанови и на македонската публика за Нова година?
Сашо Паркет: На македонската публика ќе им кажеме Среќна Нова Година, Auf Wiedersin Arivederchi, Чао од “Паркети” одиме во приказните…
За Музика24 од Битола: Весна Трифуновска
