Навидум совршенoто семејството на Бијонсе и Џеј Зи можеби не е толку идеално како што се презентира пред јавноста. По бурната реакција на сестрата на Бијонсе, која го нападна Џеј Зи во лифт на 5-ти мај и беше снимен од камерите, секој чекор на двојката се следи под лупа. Се појавија не само гласини дека бракот им е пред распаѓање, но и непотврдени информации дека чекаат второ дете.
Според неофицијални извори, Бијонсе се откажала од плановите да се разведе со раперот, бидејќи дознала дека е бремена повторно. Во ѕвезденото небо се појавуваат се повеќе облаци по приказните на злите јазици дека Џеј Зи ја мами неговата сопруга. Извор откри дека Бијонсе е целосно свесна за она што се случува со други жени и тоа благодарение на сестрата Соланж. Според многумина, разводот бил неизбежен и бил единствената опција за Бијонсе. Или барем додека пејачката не разбрала дека е бремена со второто дете на раперот. Засега веста останува непотврдена, а според Њујорк дејли њус портпарол на изведувачката ги негирал гласините за бебето.
“Бијонсе внимава исклучително многу за јавниот имиџ. Сè што прави е обмислено и планирано. Таа е опседната со идејата за совршено семејство, што го покажува пред светот”, додаде друг извор.
Подготви: Редакција Музика24
