Поп пејачката позната во светски рамки Кети Пери неодамна основа своја музичка издавачка куќа под името “Metamorphosis Music”. Таа веста за формирањето и создавање на музичката издавачка куќа ја сподели на социјалната мрежа Twitter, а воедно и се пофали со првиот договор потпишан со Ferras пејач од Лос Анѓелес. Таа е извршен продуцент на мини албумот на пејачот кој излезе пред неколку дена поточно на 17-ти јуни во дигитална форма.
“Ferras е уникатен талент за кој светот допрва ќе слуша”, вели Пери. Пејачката и продуцентка Кети Пери ново појавениот пејач го поканила да и се приклучи за време на нејзината турнеја која започнува на 22-ри јуни од претстолнината на американската сојузна држава Северна Каролина. Пејачката со прогонувачки Барби изглед била толку задоволна од работата со Ferras што дури и го поканила да и се приклучи на неа за време на претстојната турнеја во Северна Америка. Турата започна на 22 јуни во престолнината на американската сојузна држава Северна Каролина.
Подготви: Синиша Новевски
