World Music

Блам: Мараја Кери се пофали со стара фотографија (Фото)

Познатата американска поп пејачка Мараја Кери деновиве објави своја фотографија на социјалната мрежа Twitter сакајќи да сподели со своите фанови дека ужива во домашна адмосфера со своите деца. На фотографијата таа е со темен тен, насмеана и секако малку поинаква од она што е сега.

Maraja KeriНо, по се изгледа дека Мараја или ненамерно погрешила постирајќи стара фотографија или пак свесно сакала да ги изманипулира своите фанови кои се во голем број. Но затоа пак, еден од нејзините верни фанови кој очигледно ја следи објави дека фотографијата која што Кери ја објави и под која напиша дека поминува убаво време со своите деца, сепак не е нова, туку е од 1997-та година кога поп пеачката ем беше помлада ем повитка и секако посекси. Таа не искоментира ништо во врска со целата оваа ситуација.

Неодамна, фотографиите на Мараја Кери за новиот албум беа дополнително обработувани за да се избегне нејзината раскошност и опуштеност.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: