Балканленд

Младен Лукиќ од “X Factor” ја сними својата прва песна

Првиот од финалистите кои замина од регионалното и досега најгледано музичко тв шоу “X Factor”, Младен Лукиќ, ја сними својата прва песна. Првата “I’ll be there for you” претставува соработка со DJ-то дуо The Beatshakers кое досега има соработувано со голем број познати балкански музичари меѓу кои ќе ги споменеме Соња Бакиќ, Александра Радовиќ, Ван Гог… и др.

“Имавме во план да направиме песна, а во тој момент започна да се емитува “X Factor”, каде што го видовме и чувме Младен. Секој негов настап беше по наш вкус, така што лесно одлучивме со кој ќе соработуваме овој пат. Намерно гласавме против него за што побрзо да влеземе заедно во студио”, изјавија од дуото The Beatshakers.

А тој пак, за целата оваа музичка соработка вели:

“Бев пријатно изненаден од поканата за соработка. Уште на првиот разговор ми пуштија песна која останува во главата при првото слушање, така што воопшто не се двоумев да прифатам! Веднаш се согласивме, секогаш е весело кога ќе се собереме, така што сметам дека ова е почеток на една одлична соработка. Песната е многу интересна, полна со добар ритам, весела е и има интересен призвук на Ирска. Многу сме задоволни и едвај чекаме да ги слушнеме првите коментари на публиката”, изјавил Младен Лукиќ за медиумите.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: