Кристијан започна со учеството во “Операција Триумф”. Доколку тоа не го паметите, тогаш сигурно се сеќавате на песната “Нема да зборам” на “Скопскиот фестивал” кој воедно беше и националниот избор за Евровизија во 2009-та година. Тој и наредната година настапи на Макфест, а во продолжение ги промовира песните “Немирна” и “Дали ова не е крај”. Во 2011-та се прослави со “Зошто отиде”. Што тој вели и како размислува, како се чувствува и каде ќе ја прослави најлудата ноќ… во продолжение.
Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува Нова година?
Кристијан: Го сакам периодот пред Новата и по Новата година, но оваа година еуфоријата е многу опаднатa, за разлика од минатите години. Дали јас така мислам бидејќи и оваа година ја поминувам работно па не сум многу растрчкан околу тоа кај ќе бидам и со кого ќе бидам и затоа можеби и не ме фаќа таа новогодишна треска .
Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?
Кристијан: Секако, тоа е неизбежно, сите се подновуваме пред Нова година, тоа е како некоја традиција, мора да бидеш дотеран xaxaxa (се смее). А за подароците знам и да изненадам, да купам некој подарок за моите најблиски!
Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?
Кристијан: Па искрено, има некои убави моменти, на пример кога се накитува елката, украсување на просторот и собирање со пријателите и слично, но пред неколку години тоа се беше подруго, еуфоријата почнуваше 2-3 месеци пред доаѓањето на Новата година, сега е недела дена пред самиот дочек и многу малку трае таа еуфорија!
Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш Новата 2013-та година?
Кристијан: И оваа година како и предходните години ќе ја дочекам работно. Оваа година ќе се потрудам да направам луд и незаборавен дочек во Струмица во Кафе Бар “Гламур”.
Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме, дека е песна на годината?
Кристијан: Се случија многу настани во 2012-та година и ги има неколку кои ја одбележаа 2012-та година, но можам да издвојам еден, тоа е Скопскиот фестивал кој беше во сосема ново издание, а за песна стварно ги има премногу, така да не би можел да издвојам само една.
Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакал да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?
Кристијан: Пред се најбитно ми е да ме служи здравјето, да извадам уште неколку мои песни и некој спот, а се надевам дека до крајот на 2013-та ќе го извадам и мојот деби албум….
Музика24: Што би им посакал во Новата 2013-та година на нашите Музика24 интернет читатели, а воедно и на твоите фанови и обожаватели?
Кристијан: Би им посакал да се сакаат и да бидат сакани, тоа е нешто најубаво што може да му се случи некому и да им се исполнат сите неостварени желби, за кои копнееле изминативе години.
Интервјуто го подготви: Сања Неткова
