World Music

Почина Томи Рамон последниот член од популарните “Рамонс”

Toмаш Јердеи, познат по својот псевдоним Томи Рамон, на возраст од 65 години почина во Њујорк од рак на желудникот, соопшти денеска музичкиот портал “Билборд”. Тамаш Јердеи е роден во Будимпешта во 1949 година. Неговото семејство емигрирало во САД во 1957 година. Тој во 1974 година, заедно со Џефри Хајман, Даглас Калвин и Џон Камингс во местото Форест Хил во Њујорк ја основаше групата “Рамонс”, еден од првите американски панк бендови, кој денес има култен статус. Нивниот прв албум е издаден во 1976 година за “Сир рекордс”. Јереди го напушта бендот во 1979 година, а на негово место зад тапаните доаѓа Марк Бел (Марки Рамон). Групата се распадна 1996, и досега починаа сите членови, на нејзиниот прв состав. Во 2001 од рак на лимфните жлезди почина Хајман (Џои Рамон), во 2002 од предозираност со хероин од овој свет замина Калвин (Ди Ди Рамон), во 2004 умре Камингс (Џони Рамон), исто така од рак. Последен си замина Томи Рамон.

Групата “Рамонс” издаде 14 студиски и живи албуми. Во текот на своето постоење одржаа 2.263 концерти. Групата влезе во листата на 100 најголеми и најпопуларни бендови на сите времиња во избор на списанието “Ролинг стоун”, а на 2 март 2002 сите членови на првиот состав на “Рамонс” влегоа во Рокенрол куќата на славните музичари.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: