World Music

Џастин Бибер ослободен од обвиненијата – нема да оди во затвор

Канадскиот пејач Џастин Бибер делумно ја призна вината за возење при голема брзина и во пијана состојба во американскиот град Мајами Бич, а исто така и за пружањето отпор при неговото апсење. Ова го соопшти неговиот адвокат Марк Шапиро. Бибер се согласил на договор и се изјаснил за виновен во помалите прекршоци – невнимателно возење и отпор без насилство при неговото апсење. Така успеал да ги избегне обвиненијата за возење во пијана и насилно однесување. Освен тоа отпаднаа и порано донесе кон него обвиненија за возење без дозвола.

Бибер ќе мора да плати 50 000 долари за добротворни потреби, парична казна од 500 долари, а исто така 12-часовен психолошки курс за контролирање на гневот. Шапиро прецизира дека Бибер веќе ги дал 50-те илјади долари во седиште во Флорида за добротворна организација која им помагаат на децата.

Подготви: Кристина Секуловска

Можеби ќе ве интересира: