World Music

Шокантно: Лиса Мери Присли не е ќерка на познатата музичка легенда Елвис Присли?!

Поранешната сопруга на Мајкл Џексон и пејачка Лиса Мери Присли наводно не е вистинската ќерка на познатиот музичар, тврди американскиот неделник “The National Enquirer”. Наводно бил покренат судскиот процес кој би требало да докаже дека Лиса Мери не е биолошка ќерка на “кралот”, кој почина пред 37 години. Тие уште тврдат дека се појавила вистинската ќерка на Елвис која што има докази дека Лиса Мери е измамничка.

Ова не е прв пат да се шпекулира на истата тема. Наводно, кога почина Елвис неговите соработници ја тргнале вистинската ќерка која израснала под друго име, далеку од очите на јавноста.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: