Познатиот Лени Кравиц повторно ја изненадува својата публика. Тој го претстави својот најнов видео спот за песната “The Chamber”. Песната претставува најава за неговиот најнов 10-ти студиски албум насловен како “Strut”, чија пак премиера е најавена за неколку дена, односно на 23-ти септември.
Инаку, како и многу видеа досега, така и ова претставува едно од многуте провокативни во кое што изобилуваат сцени со водење љубов. Ова видео комплетно е снимено во најромантичниот град на светот, француската метропола Париз.
Во продолжение, погледнете го новото провокативно видео на познатиот Кравиц.
Подготви: Синиша Новевски
