Во прв ред

Четкар со целовечерен концерт во САД

Познатиот македонски веќе надалеку докажан музичар Владимир Четкар, во знак на благодарност на македонскиот народ до американскиот, ќе одржи целовечерен концерт на Универзитетот Норвич во државата Вермонт во САД. Четкар ќе настапи со авторска програма, а ќе биде придружуван од Ник Фалк на тапани и Брајан Лед на бас гитара. На концертот ќе бидат поканети гувернерот, сенаторите и конгресменот од оваа сојузна држава. Армијата на Република Македонија и Националната Гарда на Вермонт имаат соработка повеќе од 15 години и настапот на Четкар ќе ја симболизира благодарноста на македонскиот до американскиот народ.

Исто така и македонскиот универзитет “Св. Апостол Павле” веќе три години прави размена на студенти со Воената академија “Норвич”, а од следната година свои кадри ќе испрати и Воената академија од Македонија.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: