Ново име за кое се проценува дека ќе успее во светот на музичките води, а како и не би успеала со талентот кој го поседува. Убава, млада и талентирана, само 15 годишна девојка со моќен вокал кој остава голем впечаток и длабоки траги во сечија душа. Доволен повод е овој краток текст, во кој ќе дознаеме нешто повеќе за нашата сограѓанка Марија Ивановска.
Родена е и живее во Скопје. Уште како малечка на 9-годишна возраст, Марија во неа го открива талентот кој го поседува, пеење и свирење гитара. Младата талентирана пејачка е ученичка во гимназијата СУГС “Георги Димитров”- Скопје.
Во продолжение можете да ги слушнете и погледнете видеата кои верувам ќе ве остават без здив. Македонија навистина има со што да се гордее.
Подготви: Ивана Поповска
