Во вторник 22-ри и среда 23-ти јануари во Македонската Опера и Балет, ќе се одржи балетската претстава “Шехерзада” од Н.Р. Корсаков со почеток во 20 часот.
Интересната приказна од бајките со царот Шахријар, неговиот брат Шах Земан и преубавата Забеида ќе ве врати во минатото и во времето кога вие бевте дете, а овие приказни ги слушавте од дедо, баба, тато или мама.
Диригент на претставата е Бисера Чадловска, кореографија на Михаил Крапивин од Русија, сценографија на Марија Ветеровска, костимографија Маја Бурсаќ од Србија и концерт мајстор Климент Тодороски.
Како солисти во оваа претстава се појавуваат: во улогата на Забеида: Александра Мијалкова (22.01.2013) и Ивана Коцевска (23.01.2013), Златен роб: Васил Чичијашвили од Грузија, Султанот Шахријар го игра: Горан Божинов и Шах Земан: Киро Павлов. Во оваа претстава настапува и балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ.
Подготви: Александра Блажевска
