Covers

24 Cover: Никола Тефов – освежување на македонската музичка сцена (Фото+Видео)

Niki Panthefore a.k.a Никола Тефов на своите 17 години прави чуда со музиката. Инвентивен е и сака да експериментира, секогаш пробува нешто ново. Ова талентирано момче е од Неготино. Има завршено основно музичко образование и моментално е трета година во државниот музички училишен центар Сергеј Михајлов во Штип. Негов прв инструмент е клавирот, а знае да свири на флејта и на гитара.

Вели дека љубовта кон музиката можеби се родила, поради тоа што татко му свирел на гитара и поради самата желба да се занимава со неа. Тој за музиката вели дека е начин на изразување и дека со помош на неа може да допре до сечие срце.

Никола Тефов Nikola_Tefov_3Nikola_Tefov_2

Затоа е толку мотивиран и ја внесува цела своја креативност токму таму, во музиката. Тој обожава сликарство, 3D и web дизајн, а работи и на видео монтирање. Можеме слободно да кажеме дека е музичар, композитор, продуцент и режисер.

Најновото нешто од него е cover за песната “Mirror” – Bruno Mars ft. Lil Wayne. Тој соработуваше со Марија Ивановска за “Skyfall”. Наскоро ќе излезе во етер и cover-от за негов пријател од училиште. Mузичари од нашата естрада го подржуваат во идејата за започнување на соло музичка кариера како RnB изведувач, а многу наскоро ќе ја обелодени и соработката со музичар од Бугарија.

Секој почеток е тежок но, ние ќе му порачаме да го надградува талентот, кој го поседува и му посакуваме многу успеси во иднина. Ако Ви се допадна следете го на неговата facebook страна: www.facebook.com/NikolaTefov.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: