Во прв ред

Вечерва “Електрични оргазам” со концерт во МКЦ

По 23 години, познатиот култен бенд “Електрични оргазам” повторно настапуваат пред македонската публика, односно , тие вечерва ќе одржат свој концерт во Младинскиот културен центар во Скопје. Со одржувањето на скопскиот концерт тие воедно прославуваат 35 години од нивното постоење на музичката сцена, а истовремено оваа година навршуваат и 30 години од нивниот препознатлив и надалеку познат албум “Дисторзија”.

Со голема балканска турнеја, бендот го прославува својот јубилеј по големите градови од поранешна Југославија, интересно во сето ова е што вечерниот концерт ќе биде вистинско доживување со оглед на тоа што вечерва ќе имате можност да ги слушнете комплетно сите песни на овој култен и легендарен екс-ју бенд. Концертот е во организација на Младинскиот културен центар во Скопје и концертната агенција “Одличан хрчак”, кои веруваме дека ќе продолжат со вакви и слични концерти во нашиот главен град.

Билетите се по цена од 300 денари, и не заборавајте дека концертот започнува во 21 часот. Истиот ќе се одржи во концертната сала.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: