Во прв ред

“Земјотрес” по петти јубилеен пат во Младинскиот културен центар

Јубилејното, 5-то по ред издание на музичкиот фестивал “Земјотрес” ќе се одржи на 4-ти февруари во Младинскиот културен центар во Скопје, а влезниците кои чинат 150 денари ќе бидат пуштени во претпродажба по 16-ти јануари, додека на врата ќе чинат 200 денари.

“Инициран од “69 рекордс”, “Направи заедно” и “Пи-ем-џи рекордингс”, “Земјотрес” е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашиот алтернативен подиум. Токму таа сцена е единствената што музиката ја разбира и третира како уметност, борба и национално богатство”, велат организаторите. И оваа година како и минатите, освен музичката програма која ќе се одвива на три стејџови, во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите. Листата на изведувачи ќе биде објавена наскоро.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: