Covers

“Дипломатик бенд” со одлична изведба на легендарната “Дајте ми ја” од Гоце Николовски (Видео)

Музичкиот состав “Дипломатик бенд” ја промовираше својата најнова видео колекција сочинета од 17 преработени македонски народни евергрини, но и регионални песни со видеозаписи целосно реализирани во Томато продукција. Меѓу видеата во изведба на момците од “Дипломатик бенд” јавноста има можност да ги чуе легендарните: “Ах ах Ана”, “Ако бевме заедно”, “Отвори го пенџерето”, “Дојди ми Лено на перниче бело”, “Дајте ми ја Бисера”, но и мега популарните регионални хитови како “Живим да те волим” од Саша Ковачевиќ, “Живиш у облацима мала” од Здравко Чолиќ, “Луцкаста си ти” од Мирослав Илиќ, “Доџеш ми у сан” од Пеџа Меденица и многу други.

“Дипломатик бенд” зад себе има огромен број на свирки и настапи ширум цела Македонија. Музичкиот состав се состои од пет искусни музичари: Петар (саксофон и кларинет), Стефан (клавијатури и вокал), Алек (гитара и вокал), Горан (тапани) и Славе (хармоника и клавијатури).

Во продолжение слушнете ја “Дајте ми ја” хит на големиот и незаборавен Гоце Николовски во изведба на “Дипломатик бенд”.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: