25 јануари, роденденот на Тоше Проески, оваа година ќе биде одбележан со изложба на досега необјавени фотографии. Се работи за фотографии од неговите концерти и патувања, средби со обожавателите, кои ќе бидат изложени во Спомен-куќата во Крушево. Посетителите на музејот исто така ќе ја имаат можноста за првпат да ја слушнат и инструменталната верзија на темата “Никада”.
“Како и досега се потрудивме пред фановите на Тоше Проески да прикажеме постхумно нешто ново од богатото творештво на македонската музичка легенда. Се решивме тоа да биде изложба на необјавени фотографии и инструментална верзија на песната “Никада”. Ќе организираме и крводарителска акција во просториите на музејот”, изјави Славен Ристески од фондацијата “Тоше Проески”.
Подготви: Филип Етмишовски
